Русија ќе произведе 40 уреди заштитени од прислушување

Обединетата корпорација за производство на високотехнолошки производи (во состав на Ростех) до 2017 година ќе почне со сериско производство на над 40 различни уреди за комуникација кои ќе бидат заштитени од прислушување, изјави генералниот директор на претпријатието Александар Јакунин.

„До крајот на 2017 година планираме да развиеме и пуштиме во сериско производство повеќе од 40 различни уреди за телекомуникациска опрема. Благодарение на примената на софтверот и составните делови од домашно производство, сета оваа техника ќе има висока заштита. Мнозинството уреди ќе бидат произведени врз база на домашните чипови  „Елбрус” и „Бајкал” со современиот производствен процес од 28 nm, чиј развој е во завршна фаза“, рече Јакунин на конференцијата „Информатичките технологии во служба на военоиндустрискиот комплекс“.

Според неговите зборови, речиси 100% од компјутерската техника и софтверот што се користат во Русија се произведуваат во странство. Ситуацијата е, како што истакна тој, критична, особено во сферата на телекомуникациите.

„Комуникацијата е нервниот систем на државата. Во стратешки важните области нејзината сигурност и безбедност не сме да зависи од надворешни фактори и странски добавувачи, а особено големи ризици може да има за државниот сектор, корпорациите и воената економија“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.