Позитивното искуство на соработката на Русија и Кина ја наведе Москва да ги преиспита односите со Европската унија и САД, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
Во своето обраќање до присутните на Петербуршкиот меѓународен правен форум Медведев соопшти дека руската влада планира да продолжи да ги развива односите со Кина, да ја реализира иницијативата за поврзување на економскиот појас „Патот на свилата“ со евроазискиот проект за економска интеграција.
„Ние имаме позитивно искуство. Тоа нѐ наведува да го преиспитаме начинот на кој се развиваат нашите односи со земјите од Европската унија, со САД и со некои други држави. Минатата година ја измени меѓународно-правната рамка воведувајќи живот во условите на таканаречените санкции“, истакна премиерот, а пренесува РИА „Новости”.
На 27 мај во Санкт Петербург се собраа правници од преку 80 земји во светот на V Петербуршки меѓународен правен форум. Главната тема на форумот е мисијата на правото во ерата на промени. На пленарното заседание учествуваше и претседателот на руската влада Дмитриј Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче