Македонија ќе се приклучи на „Турски тек“ откако РФ и ЕУ ќе се договорат

Македонија разгледува уште три алтернативни извори на снабдување со гас, изјави македонскиот премиер Никола Груевски.

Република Македонија ќе се приклучи на гасоводот „Турски тек“ откако Москва и Брисел постигнат договор во врска со овој гасовод, изјави премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

„Нашиот став е следниот: кога Брисел и Москва ќе постигнат договор за овој проект, ние би учествувале во него. Ние сме земја која го има за цел евроатланскиот сојуз, и кога донесуваме одлуки од стратешко значење, се раководиме според оваа цел“, изјави  Груевски во интервју за македонскиот портал „Прес24”.

Одговарајќи на прашањето за другите планови на македонската влада во врска со испораката на гас и енергетската безбедност, премиерот изјави дека властите разгледуваат и три различни извори на снабдување со гас, пренесува агенцијата ТАСС.

Македонија планира течниот гас да го набавува од пристаништето во Атина, да се приклучи на  Трансјадранскиот гасовод (ТАР) од Азербејџан преку Грција, како и да добива гас преку гасната конекција од Бугарија која поминува исто така низ Романија и Турција. Според зборовите на Груевски, за ова е веќе постигнат принципиелен договор со Бугарија. „Се надеваме дека во најскоро време ќе биде потпишан и меѓудржавна спогодба“, соопшти македонскиот премиер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.