Канада одби да ѝ го испорача на Русија Владимир Катрјук, кој учествувал во ликвидацијата на белоруското село Хатин за време на Втората светска војна, соопшти заменикот на главниот обвинител на Русија Александар Звјагинцев.
„Неодамна Истражниот комитет покрена кривична постапка против Катрјук врз основа на обвинувањата за геноцид врз основа на членот на Кривичниот законик на Руската Федерација. За жал, Канада одби да го испорача”, изјави Звјагинцев.
Тој додаде дека Катрјук претходно во Канада бил ослободен од обвинувањата, така што оваа земја го игнорираше принципот „суди или испорачај“.
Официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин претходно изјави дека Владимир Катрјук, кој учествувал во ликвидацијата на жителите на белоруското село Хатин во текот на Втората светска војна, е обвинет за кривичното дело геноцид. Русија како наследничка на СССР ја презеде на себе обврската кривично да ги гони нацистичките злосторници и ќе бара екстрадиција на Катрјук кој се наоѓа во Канада, изјави Маркин.
Во белоруското село Хатин во март 1943 година биле убиени 149 цивила, меѓу кои 75 малолетни лица. Исто така биле уништени сите куќи. Претставникот на Истражниот комитет на РФ истакна дека застарувањето не се применува за воени злосторства. Тоа е пропишано со Статутот на Нирнбершкиот меѓународен воен трибунал од 1945 година. Владимир Катрјук има 93 години. Одамна е во пензија и се занимава со одгледување пчели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче