Јужнокорејскиот „Евроазиски Експрес“ ќе вози од Русија до Германија

Како дел од иницијативата на претседателот на Јужна Кореја Парк Јун-хи, Железничката Корпорација на Кореја ќе пушти во сообраќај специјален воз од Владивосток до Берлин, соопшти агенцијата „Ариранг“.

Како дел од иницијативата на претседателот на Јужна Кореја Парк Јун-хи, Железничката Корпорација на Кореја ќе пушти во сообраќај специјален воз од Владивосток до Берлин, соопшти агенцијата „Ариранг“.

Возот, кој ќе тргне од Владивосток на 15 јули и ќе пристигне во Берлин на 2 август, ќе има 200 патници, вклучувајќи функционери на Јужна Кореја, културни дејци и граѓани, согласно соопштението.

„Ариранг“ додава дека патувањето е дел од напорите на Јужна Кореја да ја поврзе својата железничка мрежа со Транссибирската Железница. Не е наведено дали јужнокорејските патници ќе патуваат до Владивосток користејќи ја железничката мрежа на Северна Кореја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња