Во времето на студената војна Вашингтон се бореше со комунистичките режими, соборувајќи ги со помош на „демократски опозиции“, сега САД ѝ се вратија на истата политика за да го запрат порастот на влијанието на руската енергетика во Европа, смета американскиот политиколог и поранешен функционер Пол Крег Робертс.
Разгледувајќи ја можната заинтересираност на САД за смена на власта во Македонија, американскиот политиколог обрнува внимание на одбивањето на македонските власти да се приклучат на санкциите на САД и ЕУ против Русија, а исто така истакнува и дека Скопје го поддржува проектот за гасоводот „Турски тек“, благодарение на кој рускиот гас ќе може да се доставува во Европа преку Турција до грчката граница.
Грција, пишува политикологот, се наоѓа под сериозен притисок од страна на Брисел и ММФ, како и од страна на германските и холандските банкарски структури. Србија е земја која настрада од политиката на Западот: доволно е да се спомне бомбардирањето на поранешна Југославија од страна на НАТО. Загриженоста на Вашингтон е поврзана со тоа што Македонија, сместена меѓу овие две држави, ќе стане дел од своевидната алијанса на европските држави кои ги поддржуваат руските енергетски проекти.
„Вашингтон се плаши од навлегувањето на руската енергија – тек неконтролиран од САД – во европските земји преку територијата на сојузниците на Москва во Европа“.
Доколку САД успеат да дојдат до смена на власта во Македонија, смета Робертс, Вашингтон може да застане меѓу Грција и Србија и, веројатно, ќе се обиде да ја убеди Грција да се приклучи на американскиот проект за гасовод во Европа преку Азербејџан, стеснувајќи ги, на тој начин, европските сфери на влијание на Русија.
Политологот исто така обрнува внимание на присуството на албанското малцинство во Македонија, кое се користи од страна на САД како инструмент за ненасилна смена на власта и лобирање на сопствените стратешки интереси. Истовремено, иронично истакнува Робертс, Стејт департментот продолжува да ја изразува својата загриженост во врска со политичката криза во Македонија која е иницирана од самите САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче