Владимир Путин: Санкците можат да бидат полезни за рускиот бизнис

Претседателот на РФ Владимир Путин зеде учество на форумот „Деловна Русија“.

Претседателот на РФ Владимир Путин зеде учество на форумот „Деловна Русија“. Во своето излагање шефот на државата се осврна на ситуацијата со западните санкции против Русија кои можат да бидат корисни за бизнисот, како и за предностите на тековниот курс на рубљата.

Како што истакна претседателот на РФ, промената на курсот на рубљата „ја зголемува ценовната конкурентност на домашното производство“, меѓутоа „таквите можности можат да бидат ограничени во време“. Владимир Путин потенцираше дека „тоа треба максимално брзо да се искористи за зголемување на несуровинскиот извоз и интензивно освојување на сопствениот пазар“.

„Ете, се наѕира дека во некои земји нашите партнери ќе ги укинат санкциите, а ние што ќе правиме? Ќе мора исто така некако да реагираме на тоа, инаку ќе се најдеме во мошне сложени услови во односите во рамките на СТО. Додека не се случило ова, треба да се дејствува енергично“, реле шефот на државата.  

Курсот на рубљата дозволува да се освојат нови сфери, како и да се зголеми несуровинскиот извоз, додаде претседателот

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња