Русија и Кина се подготвени заеднички да се борат против „обоените револуции“, обидите за мешање во прашањата на суверените држави и едностраните економски санкции. Како што соопшти прес-службата на Советот за безбедност на РФ, ова било темата на руско-кинеските консултации за прашања од стратешка безбедност одржани во понеделникот, 25 мај.
Руската страна беше претставувана од секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев. Народна Република Кина беше претставувана од членот на Државниот совет на НРК Јанг Цечи.
„Страните истакнаа главните проблеми на регионалната и меѓународната безбедност, подготвеноста заеднички да се борат против „обоените револуции“, обидите за мешање во прашањата на суверените држави и едностраните економски санкции“, соопшти рускиот Совет за безбедност.
Николај Патрушев и Јанг Цечи по средбата дадоа заедничка изјава за печатот по повод одбележувањето на 70-годишнината од Победата над фашизмот во Втората светска војна. Во соопштението, меѓу другото, се наведува: „Државите треба да ги почитуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на другите држави, нивниот избор за општествено-политичко уредување и патиштата за развој. Недопустливо е мешањето во внатрешните работи на државите и наметнувањето на својата волја врз други. Не прифаќаме обиди за смена на властите однадвор и воведување еднострани санкции на основа на националните правни норми на одделни земји“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче