Донесена е одлука за испорака на противвоздушниот ракетен систем С-300 на Иран, но реализацијата на проектот ќе потрае одредено време, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија , Евгениј Лукјанов, пренесува РИА „Новости”.
„Одлуката системите С-300 да се испорачаат на Иран е веќе донесена. Ќе биде потребно одредено време да се реализира проектот. Колку што знам, времето за испорака сѐ уште не е дојдено“, рече Лукјанов.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 13 април го потпиша указот со кој ја симна забраната за испорака на противвоздушните ракетни системи С-300 на Иран. Подоцна прес-секретарот Дмитриј Песков изјави дека испораката на С-300 во оваа земја би можела да почне секој момент.
Претставниците на иранските власти по потпишувањето на указот изјавија дека ќе се откажат од тужбата против Русија штом бидат испорачани системите С-300.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче