Русија дефинитивно се откажа од „Мистралите”

Заменик-претседателот на колегиумот на Военоиндустриската комисија на Руската Федерација Олег Бочкарев официјално потврди дека Русија и Франција го префрлиле спорот за судбината на хеликоптерите од класата „Мистрал” на пазарно рамниште.

По конференцијата „Информатичките технологии во служба на воената индустрија“ Бочкарев соопшти дека Русија се откажала од носачите на хеликоптери што ги нарача од Франција.

„Дискусијата е префрлена на пазарно рамниште“, изјави Олег Бочкарев и додаде: „Тоа дека Русија нема да ги земе е веќе решено и сега само се преговара за износот на парите кои треба да ѝ бидат вратени на Русија“. Франција е подготвена да надомести околу 785 милиони евра, додека Русија инсистира да ѝ бидат вратени 1 милијарда и 163 милиони евра, пишува „Комерсант”.

Се очекува во најскоро време во Москва да пристигне француска делегација заради продолжување на преговорите по ова прашање. Според Бочкарев, во најскоро време во Москва ќе допатува генералниот секретар за одбрана и национална безбедност на Франција Луј Готје, кој е овластен да ги води преговорите со Русија во врска со „Мистралите“. Москва на преговорите ќе биде претставувана од потпретседателот на владата Дмитриј Рогозин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.