На дното на морето во близина на Крим откриен византиски кораб долг 125 метри

Кримските истражувачи на дното на Црното море, на длабочина од 82 метри, открија византиски кораб, соопшти прес-службата на Јужниот воен округ.

Кримските истражувачи на дното на Црното море, на длабочина од 82 метри, открија византиски кораб, соопшти прес-службата на Јужниот воен округ.  

„Бродот го открија членовите на клубот за подводни истражувања „Ростов-дајв“ кој порано учествуваше во голем број важни археолошки откритија. Ова откритие, се претпоставува, е најголемото во последните сто години“, се наведува во соопштението што го пренесува агенцијата „Интерфакс”.

Во соопштението исто така се наведува дека раководителот на нуркачкиот клуб „Ростов дајв” се обратил за помош до раководството на Министерството за одбрана на РФ и Руското географско друштво со цел организирање заедничка експедиција и зачувување на културните вредности.

Посади на специјалните бродови и нуркачи на Црноморската флота заедно со членовите на нуркачкиот клуб го спровеле истражувањето во реонот каде што е откриен бродот. На потонатиот кораб се пронајдени стотина амфори, од кои голем број неоштетени. Најверојатно коработ превезувал масло и вино.

„Според податоците на научниците, се работи за голем византиски кораб долг 125 метри, кој потонал поради непознати причини. На 10 јуни на местото на откритието започнува голема заедничка експедиција во која ќе учествуваат стручњаци на Воената морнарица на Русија за пребарување и спасување, стручњаци на центарот за подводни истражувања на Руското географско друштво и екипа на радиотелевизијата „Ѕвезда“. Се проценува дека експедицијата ќе трае неколку години“, се наведува во соопштението.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња