Министерството за одбрана на Русија по одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Русија започна ненадејна проверка на борбената готовност на авијацијата и војската за противвоздушна одбрана на Централната воена област, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува РИА „Новости”.
„Со цел понатамошна подготовка за стратешките вежби „Центар-2015“, врховниот командант донесе одлука да се провери борбената готовност на авијацијата и војската на ПВО“, изјави Шојгу.
Според него, стигнала наредба во полна борбена готовност да бидат здружената команда, 2 команда на воено-воздушните сили и противвоздушната одбрана на Централната воена област, како и дел од воздушните и воените единици под команда на противвоздушната одбрана на Западната и Јужната воена област.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче