Уралската фабрика за цивилна авијација (УЗГА) и американската компанија „Бел Хеликоптер“ потпишаа договор за лиценцирано склопување на најновиот модифициран лесен хеликоптер со еден мотор „Bell 407GXP“, изјави генералниот директор на УЗГА Вадим Бадеха, пренесува „Взгљад“.
Според неговите зборови, првите три хеликоптери ќе бидат склопени во Екатеринбург во текот на 2015 година и ќе послужат за добивање на сертификат, а потоа најверојатно ќе бидат купени од Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација).
Бадеха наведе дека обемот на производство не е ограничен со договорот, како и тоа дека во склопувањето на хеликоптерите во Русија најверојатно ќе бидат вложени 500-600 милиони рубли. Како што рече тој, се очекува дека интерес за хеликоптерите ќе покажат структури од Министерството за внатрешни работи, претставници на приватниот бизнис и пилотските школи за летање.
Американската верзија на овој хеликоптер веќе се користи во Русија, а неговата цена е околу 5 милион долари. Со производството во Русија хеликоптерите ќе поевтинат за 17%. Ризикот од санкции за овој проект не постои, тврди Бадеха затоа што Русија веќе има прелиминарни договори со американската страна.
Ова не е прв проект за локализирано производство на авио-техника во Уралската фабрика. ВО 2013 година започна склопувањето на четвороседни авиони „DA40 NG“ за обука, од делови произведени во австриската компанија „Дајмонд Еркрафт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче