Русија и Кина се подготвуваат за заеднички лет на Месечината

Во рамките на соработката меѓу Русија и Кина во сферата на космонаутиката, донесена е одлука за стандардизација на летовите со човечка посада, соопшти неименуван извор од вселенскиот сектор.

Во рамките на соработката меѓу Русија и Кина во сферата на космонаутиката, донесена е одлука за стандардизација на летовите со човечка посада, соопшти неименуван извор од вселенскиот сектор.

„Страните се договорија за активирање на соработката во сферата надвор од ниската Земјина орбита, вклучувајќи го сегментот на летовите на Месечината со човечка посада. Донесена е одлука да се анализираат правците и начините на соработка“, изјави неименуван извор за агенцијата ТАСС.  

Според неговите зборови, како примарно е покренато прашањето за хармонизација на стандардите во сферата на летовите со човечка посада. Тоа се однесува на воведувањето стандардни карактеристики на атмосферата во вселенските бродови во случај на организација на заеднички вселенски летови. Оваа работа на себе ќе ја преземе специјален тим во кој ќе учествуваат претставници на двете страни.

„Се работи за заеднички проекти чија реализација би можела да започне од средината на 2020-те“, изјави изворот.

Минатата година потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин во текот на посетата на Кина изјави дека руската страна е „подготвена со кинеските пријатели да тргне рамо до рамо“ во сферата на летовите во вселената со човечка посада, заедничкото освојување на оддалечените делови на вселената, Сончевиот систем, Месечината и Марс.  

Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на Лав Зелени во понеделникот, 25 мај, соопшти дека е планирано во најскоро време во рамките на руската програма за истражување на Месечината бидат лансирани четири вселенски летала кои, меѓу другото, на Земјата ќе донесат примероци од површината на Месечината.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.