Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин во интервјуто за каналот „Русија 1” зборуваше за достигнувањата во воената сфера, но и за производството на бродови и покрај санкциите на Западот против Русија. Зборувајќи за неодамнешната забрана за влез за руски политичари во одделни западни земји, како и за плановите на европските земји да произведат тенк кој ќе парира на рускиот „Армата“, Рогозин рече дека „на тенковите не им требаат визи“, пренесува ТАСС. Тој истакна дека Русија до 2020 година ќе има три нуклеарни мразокршачи од најнова генерација.
„Сега ресурсите на флотата мразокршачи се при крај. Поради тоа првиот брод ќе го имаме во 2017 година, вториот во 2019 , а третиот во 2020 година. Одиме по претходно утврден распоред. Русија до 2020 година веќе ќе има флота мразокршачи која ќе обезбедува премин за бродовите по северниот поморски пат“, изјави Рогозин.
По повод изјавата дека Франција и Германија со здружени сили ќе произведат тек кој ќе го достигне нивото на рускиот „Армата“, потпретседателот на руската влада нагласи дека тоа ќе се случи, како што и самите идејни творци изјавија, дури за 15 години, додавајќи дека руското производство на тенкови уште од времето на Т-34 било еден чекор понапред“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче