Путин: Полина, честитки, одличен резултат, гледав

Многу медиуми сметаат дека „тајното оружје на Путин“ успеа да ги победи политичките страсти на „Евровизија“.

Сите се едногласни во коментарите по повод 2 место на „Песна на Евровизија“ на Полина Гагарина: Политичките страсти не успеаја да ја победат уметноста. Меѓутоа, многумина сепак се сомневаат во политичката позадина на ова натпреварување и местењето на гласовите, пишува „Взгљад“.

„Полина Гагарина, честитам, гледав, второто место е одличен резултат“, рече рускиот претседател Владимир Путин во знак на поддршка на руската пејачка.

Музичкиот критичар Артур Гаспарјан ја окарактеризира Полина Гагарина како „тајното оружје на Владимир Путин“. Тој истакна дека нејзината дружељубивост и привлечност можат да го поправат имиџот на Русија во светот, додавајќи дека негативните коментари стивнаа по доаѓањето на руската пејачка во Виена.

Меѓутоа, како што пишува „Взгљад“, и покрај незначителното стивнување на страстите, негативниот однос спрема Гагарина траеше во текот на целото натпреварување. Така германскиот водител на каналот „АРД“ изјави во програмата дека текстот на песната за мир треба да оди „во Путинови уши, а не во божји“.  

Сепак, резултатот покажа дека негативните притисоци не влијаеја на симпатиите на гледачите. „Горда сум на својата земја. Веруваат во нас, нѐ сакаат. Добро сме“, рече Гагарина по завршувањето на натпреварувањето.

Русија на овој музички фестивал не доби ниту еден бод од Сан Марино и Литванија.  Руските медиуми наведуваат дека тоа е мошне чудно, со оглед на фактот дека другите балтички земји со висока оценка ја наградија руската претставничка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.