Претседателот на Русија Владимир Путин знае како да сврти непријатна ситуација во своја корист. Кога премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон одби да присуствува на воената парада на 9 мај во Москва, Путин го надмудри со тоа што на ВИП местата смести три британски ветерани од арктичкиот конвој, пишува „Дејли Меил“, а пренесува „Газета.ру“.
Како што се наведува во британското издание, во рускиот главен град тогаш допатуваа Ерни Кенеди, Џеф Шелтон и Дејвид Крејд. Тие во текот на Парадата седеа веднаш зад рускиот претседател, до кинескиот лидер Си Ѓинпин. Благодарени на овие „стратешки“ места, пишува британското издание, целиот свет виде тројца Британци со бели беретки и златни медали.
Британските ветерани упатија критики до Камерон поради неговото отсуство на Парадата, нагласувајќи дека британските власти се однесуваат како „разгалени деца“.
„Претседателот Путин ни ги обезбеди најдобрите места. Мислам дека со тоа сакаше да покаже дека ние го претставуваме Обединетото Кралство во отсуство на господинот Камерон“, изјави 89-годишниот Шелтон.
„Не е важно што мислат властите и што се случува во Украина. Игнорирањето на 20 милиони Руси кои загинаа во војната е дрско“, додаде Шелтон.
Британија на воената парада во Москва на 9 мај официјално беше претставувана од внукот на Винстон Черчил и пратеникот Николас Соамс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче