САД се загрижени поради новиот руски закон

САД се загрижени поради новиот закон за непожелни странски и меѓународни организации во Русија, изјави вчера официјалниот претставник на Стејт департмендот Мари Харф

САД се загрижени поради новиот закон за непожелни странски и меѓународни организации во Русија, изјави вчера официјалниот претставник на Стејт департмендот Мари Харф, пренесува Интерфакс. 

„Многу сме загрижени поради новиот руски закон со кој на државата ѝ се дозволува да ја забранува дејноста на „непожелните странски или меѓународни организации“ во Русија и да ја прогласува за незаконска која било „соработка“ со групите од оваа категорија. Загрижени сме поради тоа што овој закон ќе послужи за понатамошно ограничување на дејноста на граѓанското општество во Русија и станува уште еден пример за порастот на притисокот што владата на Русија го врши врз независните медиуми“, се вели во соопштението. 

Во него исто така се заклучува дека новиот закон е „насочен кон изолација на граѓаните на Русија од останатиот свет“. 

Според Харф, Соединетите Американски Држави „ја повикуваат владата на Русија да ги исполнува своите меѓународни обврски и да ја почитува слободата на говорот, на правото на собирање и почитување на законите“. 

Оваа изјава следуваше откако претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот за непожелни странски и меѓународни организации во Русија. 

Според законот, за непожелна може да биде прогласена секоја дејност на странска или на друга меѓународна невладина организација која претставува закана за основите на уставното уредување на РФ, за одбраната на земјата или за безбедноста на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.