Русите го сакаат Путин зашто се сеќаваат на Југославија

Аналитичарот на The Washington Times Тод Вуд во својот најнов текст пишува дека Русија сè уште не може да заборави дека останала нем набљудувач кога во 1999 година НАТО незаконски ја бомбардираше територијата на нејзиниот поранешен сателит Југославија.

Аналитичарот на The Washington Times Тод Вуд во својот најнов текст пишува дека Русија сè уште не може да заборави дека останала нем набљудувач кога во 1999 година НАТО незаконски ја бомбардираше територијата на нејзиниот поранешен сателит Југославија. Вуд смета дека токму овој историски настан претставува „генеза на власта“ на Владимир Путин и дека токму тоа е и причината за неговата моментална популарност. 

Западот често си го поставува прашањето зошто Владимир Путин е толку популарен во Русија. Секој оној што ќе го постави ова прашање може да биде подвргнат на критика за кусогледост и за неразбирање или за незнаење на историјата, вели аналитичарот на The Washington Times. 

Влегувањето на НАТО на територијата на поранешната Југославија авторот го нарекува „генеза на власта на Путин“. Во статијата не станува збор за моралната страна на дејствијата на НАТО или за правдата, туку за последиците кои од тоа ги почувствува Русија.

Во тоа време Русија беше против дејствијата на НАТО. Таа дури не му ни дозволи на Советот за безбедност на ОН да го одобри влегувањето на НАТО и стави вето. Сепак, сè беше џабе, забележува авторот. Воздушната кампања против Југославија беше првата кога НАТО самостојно дејствуваше без дозвола на ОН. 

Борис Елцин дури и изјави дека тој им наредил на руските ракетно војски за стратешка намена да ги насочат ракетите против земјите што учествуваа во бомбардирањето на НАТО врз српските сили на Косово. „Им реков на НАТО, на Американците и на Германците: не терајте нè да употребуваме сила. Инаку ќе започне војна во Европа, а можеби и во светот“, прогрме Елцин на руската државна телевизија. 

За жал на Русија, Алијансата дејствуваше незаконски на територијата на поранешната држава-сателит на СССР, пишува Вуд. Русија тогаш не можеше ништо да направи. Во деведесеттите години од минатиот век таа преживуваше сериозни економски тешкотии, а нејзината армија беше мошне слава. Тогаш силите на НАТО кренаа во воздух повеќе од илјада авиони, од кој поголемиот дел од базите во Италија и Германија. Вкупно беа извршени 38 илјади авијатички напади. Српските сили беа принудени да го напуштат сепаратистичкиот регион, потсетува аналитичарот. 

Русите добро помнат и тие никогаш нема тоа да го заборават, забележува Вуд. Оваа „нова“ Алијанса, која се поставува на руските граници, не му дава мир на Кремљ. Путин од оваа ситуација извлече поука.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.