Денот на словенската писменост и култура по традиција се одбележува во оние земји во кои живеат словенски народи, како ден посветен на светите рамноапостоли браќата Кирил и Методиј. Во Русија свечености те се организирани како единствен празничен концерт кој започна во исто време во многу градови, напладне по московско време.
Денес главните свечености се одвиваа во Москва со учество на патријархот Московски и на цела Русија Кирил, на кој денес му е и именден.
Во Храмот на Христос Спасителот, претстојателот на РПЦ ја водеше литургијата во присуство на гости од помесните цркви, архиереи и свештенослужители од сите епархии на РПС, кои му го честитаа денот на светиот покровител – рамноапостолот Кирил.
По литургијата патријархот Кирил, по традиција, застана на чело на поворката кон споменикот на Кирил и Методи, каде положи свежо цвеќе и проведе молебен.
Отворајќи го празничниот концерт на Црвениот плоштад, патријархот на РПС им го честиташе на Русите Денот на словенската писменост и ги повика да го развиваат својот интелект и својата духовност. Спојот на овие квалитети ќе овозможат „да влијаете на светот и да го носите своето сопствено послание“, уверен е патријархот Кирил.
Жителите на цела Русија во исто време можеа да ја слушнат изведбата на химната за светите Кирил и Методиј во изведба на хор во кој пееја 2.000 лица.
По својата содржина Денот на словенската писменост и култура е единствен државно-црковен празник во Русија кој државните и општествените организации го организираат заедно со Руската православна црква.
Денес претседателот на Русија Владимир Путин на патријархот му го честиташе именденот и му се заблагодари за сето она што тој го има направено за земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче