На синоќешното јубилејно 60 издание на изборот за песна на Евровизија, со 365 поени од 40 земји што зедоа учество на годинашново издание, на прво место се пласираше Манс од Шведска со песната „Heros“. Второто место го освои Полина Гагарина со песната „Million voices“ со освоени 303 гласа, додека третото место ѝ припадна на Италија со освоени 292 поени.
Полина Гагарина ги импресионираше љубителите на музиката и евровизиските фанови со својата интерпретација, а секако и со својот комплетен сценски настап. Максималните 12 поени на Гагарина ѝ ги дадоа Белорусија, Азербејџан, Ерменија, Естонија и Германија, додека Литванија и Сан Марино не ѝ дадоа ниту еден поен. И покрај сите лобирања, и покрај сите „демократски“ исвиркувања на „неполитизираната“ публика, Русија успеа да го освои второто место, благодарение на вистинските квалитети што ги поседува руската претставничка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче