Медведев со честитка за денешниот празник

Денот на словенската писменост и култура се одбележува во сите региони на Русија, во многу земји во странство и им дава можност на луѓето да дознаат повеќе за својата историја, да почувствуваат колку се цврсти нитките што ги поврзуваат словенските народи, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Денот на словенската писменост и култура се одбележува во сите региони на Русија, во многу земји во странство и им дава можност на луѓето да дознаат повеќе за својата историја, да почувствуваат колку се цврсти нитките што ги поврзуваат словенските народи, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев во телеграма до учесниците и гостите на прославата на Денот на словенската писменост и култура. 

„Овој празник се одбележува заеднички од страна на државата, Руската православна црква и пошироката јавност. Се одбележува во сите региони на Русија и во повеќе странски земји, помагајќи им особено на младите луѓе да дознаат повеќе за историјата, да почувствуваат колку се силни и долготрајни врските коишто ги поврзуваат словенските народи“, се вели во честитката на Медведев. 

Тој исто така подвлече дека во Русија оваа година поминува под знакот на литературата. Премиерот е уверен дека настаните што се организираат во рамките на годината на литературата ќе го свртат вниманието кон важноста на читањето.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња