Москва по воздушен пат ќе ги снабдува мировниците во Приднестровје

Руските мировници во Приднестровје ќе бидат обезбедени со материјално-технички средства кои ќе им бидат доставени со воени траснпортни авиони, изјави координаторот на канцеларијата на генералните инспектори на Министерството за одбрана на Русија генерал Јуриј Јакубов.

Руските мировници во Приднестровје ќе бидат обезбедени со материјално-технички средства кои ќе им бидат доставени со воени траснпортни авиони, изјави координаторот на канцеларијата на генералните инспектори на Министерството за одбрана на Русија генерал Јуриј Јакубов.

„Сега, кога Украина ги поништи сите договори од областа на военотехничката соработка со Русија, вклучувајќи го и Договорот за транзит на товар преку украинска територија, на МО РФ не му преостанува ништо освен да ги снабдува воените формации по воздушен пат, со воени транспортни авиони“, изјави Јакубов.

Врховната рада на Украина на 21 мај го прогласи за неважечки Договорот со Русија за транзит низ украина на руската војска која привремено се наоѓа во Молдавија. Како што сметаат авторите на документот, оваа одлука ќе ја елиминира „заканата по националната безбедност и територијалниот интегритет на Украина“. Украинскиот парламент исто така го поништи Договорот меѓу Русија и Украина за военотејхничка соработка.

Според Јакубов, забраната за премин на руската војска низ Украина до непризнаената Приднестровска Молдавска Република може да доведе до ескалација на конфликт овој регион.

„Како што е познато, властите на Молдавија повеќепати изјавија дека мировната мисија во Приднестровје е неефикасна. Тие предлагаа сегашната мисија да се траснформира во цивилна, а исто така може да придонесе за тоа и забраната за транзит низ Украина“, смета Јакубов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња