Германија и Франција ќе ги здружат силите за да направат тенк кој ќе може да парира на рускиот „Армата”, пишува „Ди Велт“. Германското издание наведува дека пресуден фактор за ваквата одлука била воената парада од 9 мај во Москва, на која беше претставен моделот на тенкот Т-14.
Германскиот пратеник на Христијанско-германската коалиција Флоријан Хан изјави дека одлуката за производство на новиот германско-француски тенк е „адекватна реакција”, истакнувајќи дека е потребно да размислува за производство однапред, затоа што „развојот на нови технологии бара доста време“.
Според пишувањето на изданието, заменикот-министер за одбрана на Германија во своето излагање во Бундестагот го нарече „Армата” тенк на највисоко ниво.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче