Јацењук ги повика лидерите на ЕУ да не се плашат од Русија

Премијерот на Украина Aрсениј Јацењук ги повика членките на Европската унија да не се плашат од Москва, ниту од проширувањата на поранешните советски републики.

Премијерот на Украина Aрсениј Јацењук ги повика членките на Европската унија да не се плашат од Москва, ниту од проширувањата на поранешните советски републики.

„Делувајте смело и мудро. Не плашете се од Русија. Напротив, Русија би требало да се плаши од нас, од сите нас. Не плашете се од зборот „проширување“. Колку повеќе нѐ има, толку посилини, поуспешни сме и нашите земји имаат поголеми можности“, изјави Јацењук во интервју за „Фајненшел Тајмс“, обраќајќи им се до лидерите на Европската унија.

Според мислењето на Јацењук, претпазливоста на европските лидери и „нивната потреба за дијалог со Русија“ се разбирливи. Тој, меѓутоа, смета дека Москва се однесува како „меѓународен криминалец, обидувајќи се да го заплаши светот и да ја подели Европската унија“.

Јацењук потсети на крајно тешката економска ситуација во Украина. Тој изјави дека смета дека се неправедни обвинувањата дека украинската влада го одложува спроведувањето на реформите и рече дека Украина „не ги моли за пари“  меѓународните донатори. Меѓутоа, истакна тој, инвестициите се крајно неопходни.Јацењук индиректно ја спореди ситуацијата во Украина со онаа во Грција. „Постои една земја која има четири пати помалку население од Украина и која доби 300 милијади евра. А никогаш не спроведувала толку остри реформи какви што веќе спроведе Украина, и фала богу, никогаш не војувала со Русија. А на Украина со нејзините, може да се каче несовладливи проблеми, ветено ѝ е само 25 милијарди долари“; изјави украинскиот премиер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.