САД сметаат дека сега не е време да се водат работите со Русија на вообичаен начин и дека Јапонија е свесна за тоа, изјави помошникот на државниот секретар на САД за прашања за Источна Азија и Тихиот океан Даниел Расел.
Според него, Џон Кери со неговата посета на Сочи се обидувал да „издејствува Русија да се придржува до сопствените обврски“ во рамките на Минската спогодба, со цел да се регулира внатрешниот оружен конфликт во Украина. Тој истакна дека тоа „битно се разликува од нормална соработка”, пренесува ТАСС.
„Сметам дека јапонската страна по тој повод не негува илузии“, додаде претставникот на Стејт департментот.
Претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин во Токио се сретна со премиерот на Јапонија Шинзо Абе.
Портпаролката на Стејт департментот Мери Харф на прашањето дали Вашингтон се на планот на Јапонија да го прими во посета Владимир Путим одговори:„Немам повеќе коментар. Можам само да додадам дека сега не е време со Русија да се негуваат односите на начин како што тоа го правевме претходно“.
„Ние соработуваме со Русија кога можеме, но, повторувам, поголемиот дел од временто на средбите минатата недела беше посветен на прашања за кои имаме значително различни ставови”, истакна Харф.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче