Патријархот Кирил со критики за „Евровизија“

Патријархот московски и на цела Русија Кирил ги критикуваше современите тенденции на популарниот музички фестивал „Евровизија”, истакнувајќи дека „Русија има што да му претстави на светот од својата национална култура“.

„Неопходно е да се поддржуваат традиционалните, патриотските и духовните песни. Потребни ни се наши натпреварувања за да ја промовираме својата култура и да му ја претставиме на целиот свет“, рече патријархот во Улјановск каде што се сретна со учесниците во движењето „Православна иницијатива”, кои почнаа да организираат свои фестивали во Русија.

Како што рече, доколку руската претставничка Полина Гагарина победи на изборот во Виена, следната година на „Евровизија“ во Русија ќе дојдат „брадосани пејачки кои ќе го наметнат она што е спротивно на нашата култура“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.