ООН ја цензурираше изложбата „Запамти... Советскиот војник го спаси светот!”

Изложбата „Запамти... Советскиот војник го спаси светот!” во женевската Палата на народите, посветена на 70-годишнината од Великата Победа, цензурирана е барање на одборот за култура на ООН, соопшти постојаниот претставник на Русија при канцеларијата на ОН во Женева Алексеј Бородавкин.

Изложбата „Запамти... Советскиот војник го спаси светот!” во женевската палата на народите, посветена на 70-годишнината од Великата  Победа, цензурирана е барање на одборот за култура на ООН, соопшти постојаниот претставник на Русија при канцеларијата на ОН во Женева Алексеј Бородавкин.

Од изложбата се исклучени штандовите посветени на учеството на Црвената армија во ослободувањето на Источна Европа, затоа што со нив се согласиле претставниците на Полска, Романија и Бугарија. Исто таа, отстранети се и штандовите посветени на ослободувањето на Југославија и Чехословачка, пренесува „Известија”.

„Во сегашната сложена меѓународна ситуација претставувањето на вистината за минатата војна на широкиот аудиториум, за жал, наидува на значајни потешкотии. Историското сеќавање е често заложник на политичките игри. На пример, не успеавме да ја добиеме неопходната согласност на нашите источноевропски партнери да прикаеме материјали кои зборуваат за учеството на Црвената армија во ослободувањето на овие земји“, се наведува во писмото на Алексеј Бородавкин до министерот за култура на РФ.  

Алексеј Бородавкин исто така истакна дека се „отстранети делови од изложбата кои го прикажуваат доаѓањето на фашистите на власт, како и злосторствата на Третиот рајх поврзани со масовната ликвидација на луѓе во концентрационите логори”.

Мултимедијалната изложба „Запамти... Советскиот војник го спаси светот!” ја организираше Руското воено-историско друштво (РВИО). Таа беше прикажана во Нови Манеж во Москва, во Смоленск, а потоа во Волгоград. Во Русија изложбата ја посетија околу 100 илјади луѓе. Изложбата во Женева беше отворена на 21 мај.

Еден од организаторите на проектот Сергеј Шчербаков забраната на одборот за култура на ОН ја нарече чина на цензура. „Според мене, се работи за фалсификување на историјата. Постојат некои историски факти кои се забележани во документите. Тешко може да се оспори дека стотици илјади советски војници загинале во текот на ослободувањето на териториите на Источна Европа од нацизмот. А сега овие земји не сакаат да се сеќаваат на тоа“, загрижен е Шчербаков.

Според организаторот, претставниците на ОН ги провериле „секоја фотографија и секој натпис“.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин апелираше да се заштити вистината за Втората светска војна и да се пружи одлучен отпор на сите обиди за фалсификување на историските факти.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња