Бугарија бара да биде дел од „Турски тек”

Сите досегашни изјави на руската страна укажуваат на тоа дека свртување од утврдената насока на гасоводот „Турски тек” спрема Бугарија е сосема можно, изјави претседателот на Комисијата за енергетика во бугарскиот парламент Дељан Добрев, а пренесува „Регнум“.

„Доколку Бугарија би имала директна врска со „Турски тек“, тогаш нема да има прекршување на европското законодавство како што беше случај со „Јужен тек“, изјави Добрев, истакнувајќи дека во овој случај „на врската ќе се гледа како спојување со транзитниот гасовод која нема да ја загрози либерализацијата на пазарот на гас во Европа“.

Добрев додаде дека постои голем интерес од странските компании за бугарското гасно поле во Црното море. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња