Бојните бродови на Русија и Кина ги започнаа вежбите со гаѓање во Средоземното море

Бојните бродови на Русија и Кина во заедничките воено-поморски маневри во Средоземното море ги започнаа вежбите со гаѓање од артилериски орудија, соопшти претставникот на прес-службата на руското Министерство за одбрана за Воената морнарица капетан прва класа Игор Дигало.

Бојните бродови на Русија и Кина во заедничките воено-поморски маневри во Средоземното море ги започнаа вежбите со гаѓање од артилериски орудија. Исто така се вежбаше и лансирање на подводни проектили врз симулирани цели. Ова го соопшти претставникот на прес-службата на руското Министерство за одбрана за Воената морнарица капетан прва класа Игор Дигало.

„Како дел од активната фаза на руско-кинеските воени вежби „Поморска соработка-2015“ во источниот дел на Средоземното море здружената група на вооружените сили учествува во гаѓање симулирани цели (пловен штит, макета на пловна мина), лансирање проектили од системите за електронска борба, како и во фрлање бомби врз подводни цели“ рече Дигало, а пренесува РИА „Новости”

Тој додаде дека „реализацијата на овие вежби претставува кулминација на активната фаза на руско-кинеските воени маневри“ која почна на 18 мај.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња