Избалансирана и ефикасна јазична политика е задача на која треба да ѝ се пристапи систематски, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на заседанието на Советот за меѓународни односи и руски јазик.
„За Русија, со нејзините етнички и културни различности и сложениот национален систем, тоа е сигурно еден од очигледните приоритети. Прашањето за заувување и развој на рускиот јазик за сите народи во државата е од суштинско значење за хармонијата на меѓуетничките односи, но и за обезбедување на граѓанското единство, јакнење на државниот суверенитет и интегритет на Русија“, изјави Путин.
Според него, единството на државата и народите на Русија директно зависи од тоа колку младите го познаваат рускиот јазик. Тој рече дека на руски во Русија зборуваат повеќе од 96% граѓани, додавајќи дека „токму рускиот јазик, заедно со културата, ја формираше Русија како обединета и мултинационална цивилизација“..
„Во нашата земја живеат претставници на 193 националности, кои зборуваат речиси на триста различни јазици и дијалекти“, рече рускиот претседател. Тој истакна дека „Уставот на Русија го гарантира правото на сите народи да го негуваат својот мајчин јазик, како и условите за негово учење и развој“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче