НАТО: Русија може да ги окупира балтичките земји за два дена

Руската војска може да ги окупира балтичките земји во рок од два дена, изјави претседателот на воениот комитет на НАТО, чешкиот генерал Петар Павел, а пренесува „Взгљад“.

Руската војска може да ги окупира балтичките земји во рок од два дена, изјави претседателот на воениот комитет на НАТО (стапува на должност на 1 јули 2015 година) чешкиот генерал Петар Павел, а пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, Алијансата „не би можела адекватно да реагира“ во таква ситуација. Како што рече тој, Русија може да донесе одлука за окупација на балтичките земји во рок од неколку часа, додека НАТО со своите 28 земји-членки ќе потроши премногу време за постигнување единствен став.

Павел смета дека Алијансата би се нашла пред многу тешка одлука дали да започне војна против Русија која е, како што истакна тој, во состојба да употреби и нуклеарно оружје. Тој додаде дека РФ, исто така, може да го окупира и главниот град на Украина во рок од 24 часа.

Претставници на властите на балтичките земји повеќепати изјавија дека постои страв од руски напад врз државите на балтичкиот регион. Претседателката на Литванија Даља Грибаускајте во март изјави дека балтичките земји се соочуваат со реална закана од Русија, додека нешто подоцна претставник на Вооружените сили на оваа земја изјави дека РФ би можела да примени тајно оружје против овие земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.