Министерство за одбрана: ВВС Русија ќе добие 250 нови авиони

Руското воено воздухопловство (ВВС) во 2015 година ќе го засили своето вооружување со над 250 авиони, изјави заменик-министерот за одбрана на Русиа Аркадиј Бахин.

Руското воено воздухопловство (ВВС) во 2015 година ќе го засили своето вооружување со над 250 авиони, изјави заменик-министерот за одбрана на Русиа Аркадиј Бахин.

„Во Министерството за одбрана на Русија во тек е акција за снабдување со ново вооружување на војската и морнарицата, а акцентот е ставен врз ВВС. Руското воздухопловство ќе добие соовремени, многу ефикасни воздухопловни системи кои можат да совладаат бројни пречки во вооружените судири на било кое ниво“, рече Бахин.

Тој нагласи дека во текот на 2015 година главните штабови мораат да се фокусираат на сеопфатно унапредување на воените воздухопловни единици, како и на квалитетно преквилификување на авијациските посади и засилување на контролата на безбедност на летањето во текот на совладувањето на новата техника. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.