Претставници на кинеската провинција Ѓинлин им предложија на властите на Приморскиот крај во Русија реализација на проект за изградба на брза железничка пруга до Владивосток, се наведува во соопштението на администрацијата на Приморскиот крај.
„Имаме идеја да изградиме брза железница до Владивосток. До август ќе ја пуштиме во сообраќај делницата до Хуенчуен. Ако заедно успееме да изградиме продолжеток на оваа делница, тоа ќе биде првата брза прекугранична магистрала меѓу Русија и Кина“, соопшти кинеската страна.
Оваа железничка пруга ќе биде првиот прекуграничен сообраќаен проект на Кина и Русија. Во текот на преговорите претставникот на кинеската провинција Бајин Чаолу и губернаторот на Приморскиот крај Владимир Миклушевски изразија заинтересираност за соработка во овој проект, а руската страна планира да одржи преговори со директорот на „Руски железници” Владимиром Јакунин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче