Основното прашање на разговорите меѓу премиерот на Ирак Ајдар Абади и претседателот на Русија Владимир Путин во Москва ќе биде соработката во военотеничката сфера, смета постариот научен соработник на Центарот за арапски и исламски студии на Институтот за ориенталистика на Руската академија на науки, доктор на историски науки Борис Долгов.
„Можно е создавање на оска Ирак – Иран – Сирија – Русија. Русија ова учество го разгледува од гледна точка на општата ситуација во регионот. Познато е дека као последица на кризата во Јемен е создадена коалиција на арапски држави, а Иран е од другата страна на барикадите. Затоа за Русија не е пожелно претерано зближување со Иран. Макар што, навистина, Иран го поддржува Ирак и му пружа значителна помош во борбата против „Исламската држава“ Но, Русија поради определени причини не може да му се приклучи на овој блок и да го воспостави овој сојуз, затоа што тоа би значело спротивставување на коалицијата на чело со Саудиска Арабија“, истакна Долгов.
Што се однесува до сферата на соработката, Русија е многу заинтересирана за учество во нафтените проекти во Ирак. Оваа соработка најактивно се одвиваше во времето на Садам Хусеин. „Оваа соработка и понатаму продолжува. Нашите компании таму учествуваат во различни проекти. Ирачкото раководство нема ништо против тоа учество. Се работи повеќе за техничко прашање. Оваа соработка е во интерес и на Русија, и на Ирак“, убеден е експертот.
Долгов притоа не го поддржува мислењето на оние кои повикуваат Русија да ги минимизира односите со Ирак. Спрема неговите зборови, се работи за „потполни дилетанти не само во политиката, туку и воопшто“.
„Ако Русија сака да опстане во постојните граници, таа мора да ги штити своите национални и државни интереси. А тоа подразбира развој на односите со земји во кои постојат конфликтни ситуации. Ако Русија се дистанцира од сето тоа, неа ја чека судбината на СССР, т.е. распад. САД на целата планета имаат свои интереси. И тоа е правилно. Русија треба да ги штити своите национални интереси во регионот на Блискиот и Средниот исток, затоа што тука е концентиран голем број на антируски сили. Лидерите на „Исламската држава“ повеќепати изјавија дека сакаат да го ослободат „Кавказ“, да основаат Исламски калифат, помеѓу другото и на територијата на Русија. Зад „Исламската држава“ стојат одредени надворешни сили. Џихадистите цело време напредуваат во правец на Русија и тоа не е спонтано движење. Ситуацијата укажува на тоа дека Русија треба да учествува во решавањето на конфликтот во Ирак“, смета експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче