Белорусија и Ерменија ја отфрлија декларацијата на „Источното партнерство“ поради реченица за Крим

Белорусија и Ерменија одбија да ја потпишат декларацијата на самитот „Источно партнерство“ кој денес започнува во Рига ако во документот остане реченицата за „анексијата“ на Крим, соопшти агенцијата „Ројтерс” повикувајќи се на дипломатски извори.

Белорусија и Ерменија одбија да ја потпишат декларацијата на самитот „Источно партнерство“ кој денес започнува во Рига ако во документот  остане реченицата за „анексијата“ на Крим, соопшти агенцијата „Ројтерс” повикувајќи се на дипломатски извори.

Според информациите од неименуван извор, декларацијата од Рига требало да содржи осуда на „незаконската анексија“ на Крим од страна на Русија, но оваа формулација не прифатиле да ја потпишат Белорусија и Ерменија. Затоа, најверојатно, на самитот ќе биде претставена коригирана веерзија на документот, во која ставовите на Европската унија и партнерските земји ќе бидат одвоено претставени, пренесува РИА „Новости”.

„Во текстот ќе биде наведено дека Европската унија ја осудува ситуацијата на Крим. Исто таа ќе бидат наведени ставовите на партнерските земји кои тие ги изнесоа во текот на гласањето во ОН во март 2014  година, кога Ерменија и Белорусија ја поддржаа позицијата на Москва (гласајќи против резолуциите кои го прогласија кримскиот референдум за неважечки)“, пренесува агенцијата. „Тоа се сложени преговори”, изјави еден од дипломатите по преговорите во Брисел за декларацијата.

Предлог-текстот на заедничкото соопштение во четврток навечер во Рига ќе биде разгледано од министрите на земјите-членки на Европската унија и шест партнерски земји,  

Четвртиот самит на „Источно партнерство“ ќе се одржи на 21 и 22 мај во Рига. „Источно партнерство“ е програма на Европската унија која има за цел развој на интегративни врски на Европската унија и шест земји на поранешниот СССР (Украина, Молдавија, Азербејџан, Ерменија, Грузија и Белорусија). Три земји  (Украина, Молдавија и Грузија) оваа година потпишаа договор за асоцијација со ЕУ.

Рускиот постојан пратеник во ЕУ Владимир Чижов претодно изјави дека на изработката на завршната декларација на самитот во Рига е мошне напорна: некои земји сакаат да ја засилат антируската реторика, додека други се противат на тоа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња