Московските специјалци снимија спот за поддршка на руската претставничка на Евровизија

Припадниците на московското одделение на Мобилниот одред за специјални намени (ОМОН) снимија видео-спот во знак на поддршка на руската претставничка на Песна на Евровизија Полина Гагарина.

Припадниците на московското одделение на Мобилниот одред за специјални намени (ОМОН) снимија видео-спот во знак на поддршка на руската претставничка на Песна на Евровизија Полина Гагарина, која во вторникот, 19 мај, настапи во првото полуфинале на натпреварувањето во Виена и се пласираше во финалето. 

За ова за ТАСС зборуваше раководителот на прес-службата на московското одделение на ОМОН Светлана Серкина.

Според неа, идејата да ѝ пружат поддршка на Гагарина припадниците на московскиот ОМОН ја добиле во текот на еден вообилаен тренинг. „Заедно одлучивме да ја поддржиме Полина Гагарина пред нејзиниот настап и снимивме видео-клип со таа цел”, изјави Серкина. 

Таа истакна дека снимањето се одиграло во московската база на единицата ОМОН. На видеото припадниците на специјалната полиција на песната на Гагарина вежбаат различни елементи од специјалната обука и борба гради в гради.

Ветеранот од Втората светска војна Анатолиј Богачкин, припадници на ОМОН, претставници на „Офицери на Русија”, па дури и лабрадорот Боња во спотот ѝ посакуваат успех на Гагарина и победа на Песна на Евровизија.

„Припадниците на московската единица на ОМОН од лично искуство знаат дека на човека во моментот кога ја претставува својата земја му е потребна силна поддршка и увереност во сопствените сили“, изјави Серкина и додаде: „Да веруваме дека граѓаните на Русија ќе се придружат на оваа убава порака“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.