Централната банка на Русија во целина успешно ја совлада финансиската „бура“ која што ѝ се случи неодамна, изјави заменикот на извршниот директор на ММФ Мин Џу. „Тоа беше навистина голема бура. Вредноста на рубљата значително падна поради цената на нафтата и поради санкциите“, изјави Мин Џу, а пренесува агенцијата ТАСС.
„Сметам дека руската Централна банка реагираше правилно, во целата таа ситуација постапуваше многу добро“, продолжи стручњакот кој порано беше заменик-директор на Народната банка на Кина. „Тие внимателно избалансираа сѐ – и цените на нафтата, и увозот-извозот, и финансиските биланси”, објасни претставникот на ММФ-а. „Гледаме дека рубљата се стабилизираше, руската економија се стабилизираше, иако оваа година се очекува негативен раст. Така што вашата Централна банка делува правилно.”
На прашањето што би можел да посоветува за во иднина, Мин Џу одговори: „За во иднина, треба да се зачува силната позиција што се однесува на резервите, тоа е прво. Како второ, треба да се зачува прилагодливоста на курсот во склад со движењата на пазарот“.
„Затоа што првата фаза на кризата е шок”, објасни тој. „Во услови на шок треба да се делува многу прецизно, да се управува со приливот и одливот на капиталот. Но кога периодот на шок е зад нас, треба постепено да се враќаме на курсот кој се заснова на пазарот, за уште подобро да се стабилизира валутата, ситуацијата со пресметувањето на тековните трансакции, резервите. Па и целата економија.”
„Очекувам дека тоа ќе биде следниот чекор”, заклучи Мин Џу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче