Лавров: Се надевам дека САД ќе го спречат Киев од впуштање во нови воени авантури

Посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на Сочи им овозможи на Москва и Вашингтон да сфатат дека е неопходно да избегнуваат потези кои би можеле да ги закомплицираат односите, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Според зборовите на министерот, решението на украинската криза е реално можно по пат на потполна и доследна реализација на Минската спогодба од 12 февруари. „Овој став, патем речено, го потврди и дравниот секретар на САД Џон Кери во текот на разговорите одржани на 12 мај во Сочи, кои ни овозможија појасно да сфатиме дека е неопходно да се избегнуваат потези кои би можеле да ѝ нанесат долгорочна штета на соработката на нашите две земји во различни области“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости”. Министерот за надворешни работи на Русија истакна дека од заедничките напори на Русија и САД зависат „голем број акутни проблеми“.

Шефот на руската дипломатија истакна дека Вашингтон „одамна учествува во работите на Украина, нои не секогаш конструктивно“. Во врска со тоа Москва очекува дека Вашингтон ќе го искористи своето влијание за да го спречи Киев да се впушти „во нови воени авантури“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња