Русија е многу загрижена поради обидите за вклучување на надворешни фактори кои имаат за цел да ја дестабилизираат внатрешнополитичката ситуација во Македонија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 125 министерски состанок на Советот на Европа во Брисел.
„Време таквите цели се тестираат на Балканот, поточно во Македонија, каде ситуацијата може секој час да ескалира поради обидите да се вмешаат надворешни фактори во внатрешнополитичката ситуација на оваа земја. Неопходно е генералниот секретар да го посети Скопје заради нормализација на ситуацијата, држејќи се притоа до принципите и вредностите на нашата органиација“, изјави Лавров, а пренесува РИА „Новости“.
МНР Русија претходно соопшти дека е „повеќе од очигледна опасноста од провоцирање хаос и разгорување на жаришта на Балканот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче