Експерт: Македонскиот Мајдан е предупредување за Србија

Во Македонија се случуваат процеси идентични со украинските, смета директорката на Центарот за изучување на современата балканска криза Елена Гускова, а пренесува „Руски Експрес”.

Веќе денеска демонстрантите скандираат слогани дека Македонија ќе биде дестабилизирана токму од сегашната влада, како и дека таа ја вовлекува земјата во војна. Потполно идентични процеси беа во Украина. Уште утре ќе ни го претстават овој процес како невешта политика на власта која не може да реши низа проблеми. Тогаш ќе предлагаат да се решат проблемите со помош на западни советници, смета директорката на Центарот за изучување на современата балканска криза Елена Гускова, а пренесува „Руски Експрес”.

На прашањето на новинарите какво ќе биде сценариото за „македонскиот Мајдан“, дали „обоена револуција” или граѓанска војна, Гускова рече дека во моментов во Македонија постојат два процеса: надворешното влијание на албанските терористи и внатрешниот протест.

„Од една страна имаме надворешно влијание на албански терористи кои дојдоа од осово, а се претставуваат како национална македонска војска. Од друга страна е внатрешниот протест кој резултираше со излегување на граѓаните на улица. Почна како незначаен, како што тоа беше во Белград, во Украина, и Грузија. Меѓутоа, таквите барања константно се зголемуваа“, смета Гускова.

Според нејзините зборови, на почетокот постоеше само барање за ставање во ред на полицијата, а потоа за сите случувања во земјата првин беше обвинет премиерот, а по него и целата влада. Како што се гледа, сега се бараат предвремени избори. „Ваквото сценарио не се менува од 2000 година кога се случи првата „обоена  револуција“ на Балканот. Се менуваат само боите, а паролите остануваат исти“.

Гускова смета дека и Албанците имаат своја задача. Тоа е, како што вели, предупредување за цела Србија „убаво да се однесува и да биде тивка, како и да го прогласи Косово за независна држава“.

„Во исто време тоа е предупредување и за Македонија, но и за Русија да не се меша. Тоа е повик до Европа да обрне внимание на тоа дека решението на косовското прашање е занемарено. Поради тоа Албанците и се обидуваат да ја распарчат Македонија и дел од територијата да му го присвојат на Косово. Исто така сакаат да земат парче земја од Црна Гора, како и да го припојат југот на Србија“, смета Гусева.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња