Руската војска втора по сила во светот

Вооружените сили на Русија го зазедоа второто место, веднаш по САД, на ранг-листата на најмоќни армии на светот која ја состави магазинот „Бизнис Инсајдер“.

Вооружените сили на Русија го зазедоа второто место, веднаш по САД, на ранг-листата на најмоќни армии на светот која ја состави магазинот „Бизнис Инсајдер“. Според мислењето на експертите, високата позиција за Русија ја обезбедија исклучителниот број на тенкови (15398) и на силите на Воената морнарица на Русија (преку 200 подморници).

Рејтингот на најсилните армии на светот го составија стручњаците на американскиот магазин „Бизнис Инсајдер“. Руската војска според нивната оценка се најде пред кинеската армија. Според податоците на изданието, Русија годишно троши на војската околу 60 милијарди долари.

Војската на САД е прва поради годишниот воен буџет на Америка кој изнесува околу 577 милијарди долари, што е речиси четири пати повеќе од трошоците на Кина за одбрана (145 милијарди долари) и девет пати повеќе од воениот буџет на Русија. САД ги надминуваат сите по бројот на борбени авиони (13 892) и носачи на авиони (10).

Третото место на рејтинг листата на најсилни армии го зазема Кина. Според податоците на магазинот, војската на Народната Република Кина има најголем број војници (2,3 милиони).

На листата потоа следат армиите на Индија, Велика Британија, Франција, Јужна Кореја, Германија, Јапонија и Турција.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.