Русија прекинува со транзитот на воена техника и вооружување во Авганистан

Русија прекинува со транзитот на воена техника и вооружување во Авганистан и од Авганистан. Одлуката за тоа ја потпиша премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Русија прекинува со транзитот на воена техника и вооружување во Авганистан и од Авганистан. Одлуката за тоа ја потпиша премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Како што се наведува во документот, објавен на 18 мај на порталот за официјални правни информации, одлуката е донесена во врска со истекот на рокот на важност на резолуцијата 1386 на Советот за безбедност на ОН од  2001 година.

На Министерството за надворешни работи на Русија му е наложено да ги информира „владите на странските држави и меѓународните организации за прекин на копнениот и комбинираниот (железнички, патен и воздушен) транзит преку територијата на Руската Федерација на вооружување, воена техника и воена сопственост, кои се упатуваат до Меѓународните сили за безбедност во Исламската Република Авганистан и кои се упатуваат во обратен правец“.  

Резолуцијата на Советот за безбедност која повеќе не е на сила, предвидуваше испраќање на Меѓународните сили за безбедност (ИСАФ) во Авганистан со задача да пружат поддршка на привремената локална власт по победата над Талибаницте. Од 2003 година со ИСАФ командува НАТО.

Во рамките на резолуцијата Русија ги стави на располагање својот воздушен простор и железници за транспорт во Авганистан на вооружувањето на земјите-членки на ИСАФ.

Минатата година низа земји почнаа со повлекување на воената мисија од оваа земја. САД планираат главниот дел на силите да го повлечат до 2016 година. Меѓутоа, во медиумите се појави информација за тајна наредба на американскиот претседател според која, напротив, се планира зголемување на воениот контингент на САД во Авганистан.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.