Русија чека сигнал од европските земји кои сакаат да го развиваат партнерството, изјави спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин.
„Да, последиците од грубата антируска политика,диригирана од другата страна на океанот, како и насобраните прашања едни за други, ништо не дадоа. И уште долго ќе пречат на нормалниот дијалог, без оглед на некои позитивни сигнали кои доаѓаат сега од Запад. Меѓутоа, успеаја да се активираат и други – отрезнувачки – фактори, вклучувајќи ја и штетата за самите земји на ЕУ, предизвикана од кратковидото воведување на санкциите“, истакна Наришкин во статија за „Росијскаја газета“.
„Во одделни држави почнаа да се слушаат и повици за индивиуално укинување на санкциите. А јас многупати слушнав од членови на националните парламени деа ситуацијата, кога нивното мислење за толку клучни прашања воопшто не се бара, е едноставно нонсенс. Тоа значи дека притисоците на Бриссел, самиот тој интегративен модел е застарен и престана да им одговара на Европејците, а неговата ревизија може да тече паралелно со дискусијата за начините на новото зближување со Русија. Со консултациите ние исто така треба да го имаме предвид тоа“, напиша спикерот на Државната дума.
„Зашто ако на Европејците им успее да издржат во сегашните тешки услови, на нивниот економски суверенитет му се закануваат нови искушенија. Крупните и строги спогодби со кои САД притискаат под маската на либерализација на трговијата ги слабеат договорите во рамките на СТО и го бизнисот на земјите-членки на ЕУ во нов простор за договор, со надлежност и систем на тела кои се контролирани од страна на американските играчки. Колку ќе им успее, не е тешко да се погоди, знаејќи ја практиката на други транс-атлантските структури“ , истакна Наришкин.
„Тоа е причината зошто дојде времето да се бара нов договор со Европа“, рече тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче