МНР Русија: Се бараат насоки за можна соработка со Американците

Не е можно за кратко време да се поправат односите со САД но, интерес за дијалог од страна на Вашингтон постои, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков по средбата со помошникот на американскиотсекретар Викторија Нуланд.

Не е можно за кратко време да се поправат односите со САД. Сепак, интерес за дијалог од страна на Вашингтон постои, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија  Сергеј Рјабков по средбата со помошникот на американскиот секретар Викторија Нуланд. „Доаѓањето на Нуланд во Москва е резултат на разговорите меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери во Сочи, рече Рјабков, додавајќи дека во текот на посетата на американската претставничка акцентот бил ставен на ситуацијата во Украина, пренесува ТАСС.

Како што изави Рјабков, дипломатите разговарале за многу проблеми во билатералните односи, почнувајќи од воено-политичките, па сѐ до хуманитарните.

„И покрај негативната позадина на нашите односи, почувстувавме дека американската страна е подготвена на одредени теми за разговор. Сепак, ние не негуваме илузии и не мислиме дека е можно било што да се реши за кратко време“, изјави Рјабков.

Меѓутоа тој нагласи дека не станува збор за никакви договори, размени или компромиси меѓу Русија и САД. Како што смета тој, потребно е да се пронајдат насоки во кои е можна соработка.  

„Се збогувавме без илузорни очекувања, но и без впечаток дека работата за подобрување на односите е невозможна. Меѓутоа, допрва ни претстојат преговори за тоа каде и во каков облик ќе се реализира тоа“, истакна рускиот дипломат.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња