Србија ќе почне со извоз на автомобили „Фиат“ во Русија

Извозот во Русија на првиот контингент автомобили „Фиат“ кои се произведуваат во Србија би можел да почне веќе кон крајот на мај-почетокот на јуни, изјави министерот за економија на Србија Жељко Сертиќ.

Извозот во Русија на првиот контингент автомобили „Фиат“ кои се произведуваат во Србија, би можел да почне веќе кон крајот на мај-почетокот на јуни, изјави во неделата, 17 мај, министерот за економија на Србија Жељко Сертиќ.

„Секоја земја-членка на Царинската унија треба да даде одобрување и затоа ова не е едноставно прашање и со него се занимаваме веќе извесно време. Но, постојат сите причини да претпоставиме дека првиот контингент мое да биде одобрен многу брзо, да речеме, веќе во текот на мај или, можеби, на почетокот на јуни“, им соопшти Сертиќ на новинарите во текот на работната посета на Суботица.  

Српскиот министер не прецизираше за колкав број на автомобили се работи, истакнувајќи дека не е важна количината, туку самиот факт дека Царинската унија е подготвена да „дозволи можност“ за испорака на возила произведени во Србија.  

Меѓу Русија и Србија на сила е договорот за слободна трговија потпишана во 2000 година,  кој во моментов подразбира ослободување од царина при увоз односно извоз на 99% и на сите производи и роба кои двете земји ги произведуваат. Автомобилите на влегуваат во овој список. Србија последниве години се обидува да добие можност бесцарински да испорачува автомобили на рускиот пазар. Преговорите на оваа тема во последно време беа интензивирани. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња