Отворен првиот тенкодром во Русија

Во Белгородската област во Русија е отворен тенкодром како дел од музејскиот комплекс „Прохоровско поле”.

Во Белгородската област во Русија е отворен уште еден атрактивен сегмент од музејскиот  комплекс „Прохоровско поле”. Се работи за тенкодром кој беше изграден за помалку од една година. Во саботата, на 16 мај, на тенкодромот беше одржана првата демонстрација на оклопна техника.

На отворањето присуствуваа повеќе од илјада посетители од различни краишта на регионот, а присутните ги поздрави потпретседателот на владата на РФ Дмитриј Рогозин. Тој потсети дека идејата токму на ова место, во Прохоровка, каде во 1943 година се одиграла голема тенковска битка, да се основа музеј на оклопна техника, првпат беше објавена во текот на посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на ова место и неговата средба со ветераните.

Тенкодромот е само дел од интерактивниот дел од комплексот, во кој е веќе отворен музејот „Третото  боиште на Русија”. Потоа во новиот музеј, кој сѐ уште не е изграден, на површина од 2,8 илјади квадратни метри ќе биде собрана голема колекција на оклопна техника.

На отворањето на тенкодромот посетителите имаа можност да ги допрат оружјето и борбената техника, да учествуваат во тематски игри и да поминат дел од обуката за професионални војници на специјални симулатори. За да се покажат сите можности на техниката, направен е ров со вода, подигнато е вештачко возвишување и изграден е мост. Во демонстрацијата учествуваа оклопни транспортери, борбени возила на пешадијата, оклопни возила и возила за разузнавање и набљудување, тенкови. Беа прикажани и историски и современи модели. На крајот припадници на специјалните единици на полицијата (ОМОН и СОБР) изведоа посебне симулирани акции за неутрализирање на престапници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња