Претседателот на Русија Владимир Путин умее добро да ја процени ситуацијата, но истовремено е и страстен коцкар, изјави командантот на силите на НАТО во Брунсум во Холандија генерал Ханс Лотар Домрозе, а пренесува „Взгљад“. Домрозе истакна дека НАТО е многу загрижен заради можната употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија.
„Русите не ја исклучуваат можноста за тактичка употреба на нуклеарно оружје како средство за војување, но не и ние“, рече Домрозе. „Путин је страстен коцкар. Тој не е луд, но е играч. Тоа може да биде опасно”, смета генералот на НАТО.
Домрозе додаде дека ниту тој, ниту Алијансата не ја сметаат Русија за непријател туку, во најлош случај, како потенцијална закана. Како што рече, никој во НАТО не сака војна, но се подготвени да го заштитат населението на државите-членки на Алијансата.
„Се надевам дека претседателот Путин го разбира тоа. Затоа јас и понатаму мирно спијам“, изјави Домрозе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче