Американските власти се уплашија дека ќе останат настрана во процесот на решавање на ситуацијата во Украина, напиша Твитер шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков, коментирајќи ја посетата на помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд на Москва.
„Администрацијата на Обама се уплашила дека ќе остане настрана од процесот на решавање на ситуацијата во Украина. Штотуку си отиде Кери, дојде Нуланд. Да, во Киев решение не може да се најде”, напишаПушков.
Викторија Нуланд денеска, 17 мај, стигна во посета на Москва. Како што претходно американскта амбасада соопшти за агенцијата ТАСС, официјалната програма на посетата на американскиот дипломат на Русија почнува во понеделник, 18 мај.
Стејт департментот претходно соопшти дека Нуланд „ќе се сретне со претставници на Русија со цел разгледување на следните во реализацијата на Минската спогодба по нејзината посета на Киев од 14-16 мај и разговорите кои државниот секретар Џон Кери ги водеше во Сочи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче