МНР Русија: Потезите на Америка можат да доведат до зголемување на нуклеарниот арсенал на Русија

Под одредени услови потезите на САД можат даја наведат Русија да почне со зголемување на арсеналот на нукеларно оружје, изјави директорот на одделението за прашања на неширење и контрола над вооружувањето на Министерството за надворешни работи на Русија Михаил Уљанов.

Под одредени услови потезите на САД можат даја наведат Русија да почне со зголемување на арсеналот на нукеларно оружје, изјави директорот на одделението за прашања на неширење и контрола над вооружувањето на Министерството за надворешни работи на Русија Михаил Уљанов, коментирајќи го предлогот на САД бројот на подготвени боеви глави на Америка и Русија да се намали за една третина, пренесува ТАСС.

Според Уљанов, американските власти тоа го предложија затоа што знаат дека можат да се заштитат себеси и своите сојузници, дури и ако го намалат бројот на вооружувањето.

„За нас, меѓутоа, тоа не важи, затоа што за нас поради потезите на САД се актуелни сосема спротивни фактори, кои под одредени услови можат да нѐ поттикнат да почнеме да го зголемуваме нуклеарниот арсенал“, изјави рускиот дипломат.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња